Во Македонија становите ќе поскапуваат, поевтинување само за луксузните

Bez autora
Jun 04 2012

Истражување на "Глобал проперти гајд" покажува дека цените на недвижнините паѓаат глобално. Во последниве три месеци становите поевтиниле во дури 26 од вкупно 36 земји опфатени со истражувањето, а во останатите 10 поскапеле. Аналитичарите и градежниците во земјава најавуваат дека цените на становите во Македонија до крајот на годината ќе пораснат за уште десетина насто, а тоа се должи на високите цени на локациите за градба, поскапените градежни материјали и зголемените трошоци на живот. Токму кога помисливме дека стигнале до таванот, аналитичарите и градежниците најавуваат дека цените на становите во Македонија до крајот на годината ќе пораснат за уште десетина насто. Високите цени на локациите за градба, поскапените градежни материјали и зголемените трошоци на живот наспроти несмалената побарувачка, велат тие, не и дозволуваат на кризата да делува како во земјите во регионот, каде вредноста на станбениот квадрат вртоглаво паѓа.

Во Македонија становите ќе поскапуваат, поевтинување само за луксузнитеИстражување на "Глобал проперти гајд" покажува дека цените на недвижнините паѓаат глобално.

Во последниве три месеци становите поевтиниле во дури 26 од вкупно 36 земји опфатени со истражувањето, а во останатите 10 поскапеле. Аналитичарите и градежниците во земјава најавуваат дека цените на становите во Македонија до крајот на годината ќе пораснат за уште десетина насто, а тоа се должи на високите цени на локациите за градба, поскапените градежни материјали и зголемените трошоци на живот.

Токму кога помисливме дека стигнале до таванот, аналитичарите и градежниците најавуваат дека цените на становите во Македонија до крајот на годината ќе пораснат за уште десетина насто. Високите цени на локациите за градба, поскапените градежни материјали и зголемените трошоци на живот наспроти несмалената побарувачка, велат тие, не и дозволуваат на кризата да делува како во земјите во регионот, каде вредноста на станбениот квадрат вртоглаво паѓа.

Најновото објавено истражување на "Глобал проперти гајд" покажува дека цените на недвижнините паѓаат глобално. Во последниве три месеци становите поевтиниле во дури 26 од вкупно 36 земји опфатени со истражувањето, а во останатите 10 поскапеле.

Во Хрватска падот на цените е прилагоден на инфлацијата, но во последниве три месеци малку е ублажен и изнесува скромни 2,45 отсто. Како што јавуваат српските медиуми, таму ситуацијата е алармантна. Цените паѓаат за 20 до 30 отсто, особено на луксузните станови.

И во Македонија се очекува пад на цената на квадратот на луксузните станови. Всушност, некои градежници тој тренд веќе го почнаа. Нухи Алиу, сопственик на фирмата "Еуроактива", која го гради станбениот комплекс "Гранд престиж" до скопска "Алумина" вели дека иако целиот комплекс и становите се луксузни, единствени на Балканот со тоа што има подземни гаражи на две нивоа и уреден двор на 65 отсто од локацијата, цената на квадратот е спуштена.

- Веднаш до нас се гради комплекс во кој становите се продаваат по 1.500 евра за квадрат, а ние ги намаливме на 1.100 до 1.250 евра во зависност од тоа дали се плаќа на рати или во готово и со тоа сме за 20 до 30 отсто поевтини од конкуренцијата. Но, сите аналитичари прогнозираат дека станбениот квадрат до крајот на годината ќе поскапува, па можно е и ние да ги коригираме цените - вели Алиу, додавајќи дека поевтинувањето е на сметка на профитот, кој во услови на криза паѓа.

Градежниците сметаат дека може да падне уште цената на викендичките и на деловниот простор за кој сега скоро и да нема купувачи бидејќи е многу скап, особено во центарот на Скопје. Никако нема да има намалување и на становите за просечно живеење.

- Становите наменети за живеење нема шанси да поевтинат, туку според моја проценка ќе поскапат меѓу 8% и 10% - вели Љупчо Бораниев, сопственик на градежната фирма "Бортас", додавајќи дека во своите прогнози досега грешел најмногу за еден до два процента.

Тој објаснува дека кај луксузните станови има простор за поместување на цената, зашто таа е формирана со додавање во вредноста поради ексклузивитетот на локацијата или на градбата, но обичните, просечни станови за домување се со цена колку што чини нивната изградба.

- Нема логика цените на паѓаат. Железото поскапе, пред десетина денови цената на бетонот скокна за 11%, расте и цената на струјата, а и трошоците за живот, кои нам ни се трошоци за вработените. Од друга страна, цената на становите ја оптоваруваат и скапите комуналии и земјиште кое го откупуваме од приватни сопственици. Затоа цената мора да порасне, за да биде на граница на вредноста на материјалите, работната рака, инфлацијата - вели Бораниев.

Цените на станбениот квадрат во Скопје, каде што најмногу се гради и се купуваат станови се вивнаа во 2008 година. Тогаш, во еден наврат становите поскапеа за над 20 насто, а во годините што следеа претежно имаа нагорен тренд. Затоа, купувачите на станови сметаат дека цените се многу напумпани. Но, градежниците велат дека тоа не е така и дека цените на становите во државата се сосема реални и на граница што им овозможува на фирмите да си обезбедат репродукција.

- Веќе нема каде. Или ќе престане да се гради, бидејќи нема да можат да се исплаќаат плати на вработените или цените ќе растат како на се друго - категоричен е Бораниев.

Математиката на градежниците е ваква: од вредноста на изградениот стан 11 отсто отпаѓа на платени комуналии кои во Скопје се движат од 30 до 120 евра за квадрат, над 20 отсто на откупеното земјиште, три отсто му се плаќа на ЕВН, 40 отсто е градежниот дел, а остатокот се плати за вработените, режиски трошоци и профит.

Бораниев вели дека градежните компании не работат без заработка, а таа им обезбедува проширена репродукција, зашто кога би биле на нула, не би можеле да продолжат да градат. Трошоците се најголеми во ексклузивните делови на Скопје, како на пример Буњаковец, каде моментално за отстапено земјиште се дава 30 до 32 отсто од изградениот објект. Таму се скапи и комуналиите, па се предлага да се намалат во побогатите општини, а да се зголемат во тие со попразни каси.

Мал дел од градежните компании имаат банкарска поддршка. Иако градежниците "плачат" за кредити, соработката со банките, не може да ја собори цената. Со кредит се гради и "Гранд престиж", но сопственикот на градежната фирма Алиу вели дека во овој случај предност е брзата изградба, но каматите, колку и да се поволни дополнително ја оптоваруваат цената на станбениот квадрат.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik